Полицијата и обвинителството упаднаа во неколку автошколи во Загреб, уапсени се 20 лица

Обвинителството за сузбивање корупција и организиран криминал на Хрватска (УСКОК) заедно со полицијата денеска упаднаа во неколку автошколи во Загреб .

Уапсени се 20 лица кои се осомничени дека сториле коруптивни кривични дела и тоа дека издале потврди и уверенија за професионална квалификација за професионални возачи кои управуваат возила за превоз на стоки и патници (категории Ц, ЦЕ и Г) за претходно договорени суми на пари без всушност да ја имаат завршено обуката потребна за возачи на камиони и автобуси.

УСКОК детално опиша како за пари давале лажни сертификати за квалификација за возачи на камиони и автобуси.

„Се сомнева дека осомничените лица, без разлика дали е извршена ваква обука, издале потврди од овластен центар за извршената периодична обука на возачи, а истовремено издавале потврди од овластена образовна установа за обука на возачи, а потоа ги доставиле истите на возачи, со што се стекнале со неовластена материјална добивка од најмалку 85.151,66 евра“.

Во кривичната истрага извршени се повеќе лични претреси, претреси на возила, домови и други простории и претреси на деловни простории, при што се одземени повеќе мобилни телефони, пари и деловни документи.

фото: Index.hr