Жителите од Синичане се уште се на местото кадешто треба да се изгради водоводна мрежа.
Како што информира репортерот на ТВ21, на терен е и полицијата.
Жителите велат дека ќе останат таму се додека не заврши проектот.
Претходно градоначалникот на општината, Аљбон Џемаили заедно со жителите се обидоа да дојдат до багерот кој го копаше каналот за изградба на водоснабделителен систем, но беа спречени од припадниците на специјалната единица ЕБР и Секторот за внатрешни работи на Тетово.
.