Полицијата утринава уапси четири лица, при претрес кај нив нашла кокаин

На 09.10.2019 околу 04.30 часот во тетовското село Долно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ш.(27), А.Р.(22) и А.С.(27) од скопските села Копаница и Бојане и М.Ј.(23) од тетовско Палчиште, кои биле во патничко возило „форд“, со скопски регистарски таблички.

МВР денеска соопшти дека при нивен и преглед на возилото бил пронајден кокаин. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Извор: ТВ21