Свет

Полицијата во Германија ја пребарала катедралата во Келн поради безбедносна закана

Полицијата во Германија ја пребарала катедралата во Келн поради безбедносна закана

Германската полиција соопшти дека ја пребарала катедралата во Келн во саботата по предупредувањето за напад на новогодишната ноќ, пренесе АФП.

Весникот „Билд“ во меѓувреме пишува дека безбедносните служби на Австрија, Германија и Шпанија добиле информации дека група исламисти сака да изврши неколку напади во Европа, најверојатно на Нова Година и Божиќ.

„Иако информациите се однесуваат на новогодишната ноќ, од вечерва ќе направиме се што можеме за да ја обезбедиме безбедноста на посетителите“, изјави вчера началникот на полицијата на западногерманскиот град Михаел Есер. Тој објасни дека храмот бил претресен со помош на кучиња по вечерната миса.

Како можни цели на исламистичката ќелија во публикацијата „Билд“ се посочени божиќните литургии во Келн, Виена и Мадрид. Германскиот дневен весник објави неколку апсења во главниот град на Австрија и едно во Германија.

Претставник на виенската полиција контактиран од АФП рече дека не може да ја потврди веста во оваа фаза.

Вчера, сепак, австриската полиција објави дека го засилува надзорот, особено околу црквите, верските настани и божиќните пазари во главниот град на земјата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни