Полицијата го опколи човекот за кој веруваат дека е одговорен за убиството на 10 луѓе во масовното пукање за време на прославата на Лунарната Нова Година во Калифорнија, објави АФП.
Воздушните снимки покажаа бело транзитно комбе опколено со две оклопни полициски возила додека голем број полициски автомобили стоеја во близина во Торанс, јужно од Лос Анџелес.
Развојот доаѓа откако Одделот на шерифот на округот Лос Анџелес објави фотографии од човекот што го бараат.
Сликите, очигледно од надзорните камери, покажуваат маж со азиско потекло со капа и очила.
„Полицијата во Торенс, Калифорнија опколи бело комбе на паркинг.
Се верува дека осомничениот за масовното пукање во паркот во Монтереј е во возилото“, напиша еден корисник на Твитер.
Потсетуваме дека десет лица загинаа во масовно пукање во Калифорнија по прославата на Лунарната Нова Година на која присуствуваа илјадници луѓе.
🚨POLICE IN TORRANCE, CALIFORNIA, HAVE SURROUNDED A WHITE VAN IN A PARKING LOT.
THEY BELIEVE THE SUSPECT OF THE MASS SHOOTING IN MONTEREY PARK IS INSIDE THE VEHICLE. 🚨 pic.twitter.com/mCUQ5sKPv7— Megan Hawkins (@meganhawkinsabc) January 22, 2023