Свет

Полицијата во Тбилиси вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите од центарот на градот

Полицијата во Тбилиси вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите од центарот на градот

Грузиската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите собрани пред зградата на парламентот во центарот на Тбилиси, откако претходно им нареди да си заминат, а тие не послушаа.

Француските медиуми пренесуваат дека претходно полицијата употребила водени топови за да се обиде да ја исплаши толпата.

Демонстрантите се противат на контроверзниот закон за „странски агенти“, што според критичарите е насочен кон медиумите и невладините организации.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни