Свет

Полицијата во Венеција казни деца кои играа фудбал на плоштадот

Полицијата во Венеција казни деца кои играа фудбал на плоштадот

Полицијата во Венеција казни деца на возраст меѓу 12 и 13 години за играње фудбал на плоштад на островот Мурано откако локален жител ги пријавил во полиција, вознемирен од бучавата.

Полицијата интервенирала и ги запишала имињата на секое дете, потоа ги повикала нивните родители и им наредила да платат казни во износ од 43 евра. Децата наводно играле фудбал во забранетата зона, со што го нарушиле јавниот ред, според официјалното писмо предадено на родителите.

Казната може да достигне 500 евра ако не се плати во рок од 60 дена, но еден од родителите рекол дека нема да ја плати и планира да се жали на пресудата и да поднесе жалба до градоначалникот на Венеција, Луиџи Брунијардо, објави „Гардијан“.

Казните се воведени со прописи донесени во 2019 година со кои се забрануваат игри со топка во некои делови од Венеција.

Случајот предизвика јавна дебата, при што некои локални службеници рекоа дека полицијата реагирала непропорционално и се прашуваат кои се приоритетите во градот оптоварен со масовен туризам, грабежи и намалување на населението.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни