Свет

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ТУРЦИЈА: Девет лица приведени, запленети 373 килограми кокаин

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ТУРЦИЈА: Девет лица приведени, запленети 373 килограми кокаин

Девет лица се приведени и запленети 373 килограми кокаин во полициската акција „Наркочелик-20“, што беше спроведена во Истанбул и Бурса, соопшти денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Таа акција е извршена со намера да се спречи организирана криминална група да доставува кокаин од Јужна Америка во Турција, изјави Јерликаја.

Тој додаде дека во Бурса во близина на пристаништето Гемлик биле пронајдени 373 килограми кокаин.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни