Македонија

Половина милијарда евра само за пензии – Владата убедува дека „дупката“ во ПИОМ се намалува

В0 Македонија има 324 илјади пензионери и ќе бидат потребни над 40 милиони евра да се исплати ветеното покачување на пензиите од 700 денари. Овие средства ќе бидат трансферирани од Буџетот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Од Буџетот за Пензискиот фонд следната година ќе бидат издвоени  половина милијарда евра само за пензии. Владата убедува дека ПИОМ е стабилен и дека дефицитот се намалува

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вели дека во вкупниот трансфер од  Буџетот кон ПИОМ е содржана мерката субвенции на плати и најголемата сума како додадена е за мерката за субвенционирање на платите од 600 до 6.000 денари.

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Шаип Зенељи вели дека пензискиот фонд е стабилизиран и оти има зголемување за 10 отсто на приходите по однос на придонеси.

Владата планира да потроши 3,9 милијарди евра во 2020 година со проектираниот буџет, а од граѓаните да собере 3,6 милијарди евра. Следната година Владата планира да се задолжи за речиси една милијарда евра, од кои 560 милиони на странскиот пазар, а 440 милиони евра дома.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни