Безбедносните служби во Полска денеска неутрализирале дрон што летал над владините згради во центарот на Варшава, а двајца државјани на Белорусија биле уапсени, објави полскиот премиер Доналд Туск.
„Пред малку, Владината безбедносна служба неутрализираше дрон што леташе над владината зграда на улицата Паркова и над палатата Белведер“, напиша Туск на мрежата X. Белведере е една од официјалните резиденции на полскиот претседател.
Инцидентот се случил додека Полска била во состојба на висока готовност, откако минатата недела група руски беспилотни летала влегле во воздушниот простор на земјата, што претставува најголем упад од почетокот на војната во Украина.
Премиерот Туск истакна дека ова е „најблиску што сме дошле до отворен конфликт од Втората светска војна“, нагласувајќи ги растечките тензии во регионот.