Свет

Поморска криза: Повеќе од 400 бродови и 6.000 морнари се заглавени во Персискиот Залив

Поморска криза: Повеќе од 400 бродови и 6.000 морнари се заглавени во Персискиот Залив

Околу 400 трговски бродови со 6.000 морнари и понатаму не можат безбедно да го напуштат Персискиот Залив, шест месеци по избувнувањето на војната на Блискиот Исток, предупредува Меѓународната поморска организација (ММО). Од почетокот на конфликтот на 28 февруари, регистрирани се најмалку 70 напади врз меѓународни бродови, при што животот го загубиле 19 поморци.

Генералниот секретар на ММО, Арсенио Домингез, истакна дека влошената безбедност во Ормутскиот теснец директно ги загрожува животите на невините екипажи, но и глобалните синџири на снабдување со нафта, гас и основни стоки. Сообраќајот низ овој клучен воден пат драстично опадна — од над 130 бродови дневно пред војната, на едвај 15 до 16 во последните недели.

Ситуацијата дополнително се комплицира со американската поморска блокада на Иран, во чии рамки ЦЕНТКОМ веќе пренасочи 82 и пресретна повеќе трговски бродови, додека Техеран истовремено ги поострува заканите за заплена на пловила кои не ги почитуваат нивните правила. ММО упати итен повик до меѓународната заедница за преземање конкретни мерки и обезбедување коридор за безбеден излез на блокираните поморци.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни