Пописот на населението во Косово се одложува за два месеци и треба да започне на 1 ноември, одлучи денеска косовската влада, информира приштинското издание „Зори“.
Косовскиот премиер Албин Курти прецизираше дека пописот требаше да започне на 1 септември, но беше одложен бидејќи доцнеше целиот процес на подготовка.
Последниот попис на населението во Косово беше во 2011 година, а пописот што требаше да се одржи во 2021 година беше одложен поради епидемијата на Ковид.