Македонија

Силно невреме во Кавадарци – поплавени објекти

Силно невреме во Кавадарци – поплавени објекти

ЦУК – Кавадарци известува дека територијата на општина Кавадарци во период од 19:30 до 20:00 часот била зафатена со силен дожд од околу 40 л на м2, а планинскиот дел на општина Кавадарци бил зафатен со град и дожд.

До овој момент пријавени се 3 поплавени објекти (приземни простории и подруми), а интервенираат ЈКП Комуналец од Кавадарци и ТППЕ Кавадарци со вкупно 30 луѓе.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни