Свет

Поплави има во јужна Турција, Хрватска, Босна и Херцеговина

Поплави има во јужна Турција, Хрватска, Босна и Херцеговина

Обилните снежни врнежи предизвикаа транспортен хаос во Велика Британија. Најмалку 250 летови се откажани од аеродромите во Лондон. Има и многу одложувања.

Најпогодени аеродроми во британската престолнина се Станстед, Гетвик, Лутон. На патниците им беше препорачано да го проверат статусот на летот пред да заминат на аеродромите.

Ладното време и снегот доведоа и до проблеми со возен ред на возовите и метрото. Некои луѓе најдоа алтернатива и се движеа низ снежните паркови на скии.

Снежните наноси го отежнуваат сообраќајот и во Литванија. Откажани се најмалку 20 летови до и од главниот град Вилнус. Многу луѓе не можеа да стигнат до своите работни места поради нечистите патишта.

Поплавата во јужна Турција однесе жртва. Многу згради се под вода. Поплави имаше и во Хрватска, Босна и Херцеговина.

Полицијата во Босна потврди дека едно лице загинало во одрон. Најпогодени се северните и северозападните делови каде има блокирани патишта. Во Хрватска армијата е мобилизирана да помогне.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни