Директорката на Инфективна клиника, Милена Стевановиќ вчера во изјава за медиумите истакна дека пополнети се капацитетите на Инфективната клиника.
Таа посочи се полнат и капацитетите на модуларната болница, која повторно е отворена и вкупно има 101 хоспитализирани.
На новинарско прашање за тоа какви се прогнозите во наредните денови, односно дали ќе има зголемување на активните случаи, Стевановиќ посочи дека ова веројатно е уникатна и најнепредвидлива епидемија во постоењето на човештвото.
„Секако дека очекуваме и зголемување на бројките затоа што активните случаи се далеку поголем број од она што може да се контролира полесно, односно да не се шири инфекцијата. Мерките ќе се менуваат во зависност од потребите. Она што е важно е тие мерки да се почитуваат“, порача Стевановиќ.