Breaking ФОТО Се сруши 60 метарскиот јарбол со македонското знаме кај Ист Гејт
Македонија

Попрво би лежеле затвор отколку да гласаме за уставни измени, порача Крмов

Попрво би лежеле затвор отколку да гласаме за уставни измени, порача Крмов

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов во интервју на Канал 5 категорично отфрли можност тој и лидерот на партијата, Димитар Апасиев да гласаат за уставни измени и внесување на бугарското малцинство во Уставот.

„Се надевам дека никогаш нема да се случат. Што се однесува до нас, ние попрво би лежеле затвор отколку да кренеме рака за такво нешто. Алтернативата е таа, тоа ќе се одбие и ќе дојде нешто друго“, рече Крмов.

Тој повтори дека францускиот предлог е всушност предлог на Софија.

„Тој мораше да биде одбиен. Ние губиме 99 спрема 1“, кажа пратеникот на Левица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни