Свет

Поради безбедносната состојба прекинат јуниорскиот турнир на Евролигата во Абу Даби

Поради безбедносната состојба прекинат јуниорскиот турнир на Евролигата во Абу Даби

Воената состојба на Блискиот Исток, која започна со нападот на Израел врз Иран, се пренесе и на кошарката, односно на јуниорскиот турнир на Евролигата во Абу Даби.

Поради бомбардирањето во овој регион беше прекинат натпреварот помеѓу јуниорите на грчкиот Арис и екипата на Монако.

Евролигата соопшти дека натпреварувањето е привремено прекинато како мерка на претпазливост.

„Квалификациите за јуниорскиот турнир на Евролигата во Абу Даби привремено се суспендирани како мерка на претпазливост. Евролигата и домаќинот активно ја следат ситуацијата, а дополнителни информации ќе бидат соопштени во соодветно време“, соопштија од Евролигата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни