Поради снежни врнежи: Блокиран патот кон селата Бреза, Малино и Танушевци

Поради снежни врнежи патниот правец кој води до селата Бреза, Малино и Танушевци, општина Чучер Сандево се блокирани. Жителите од овие села, кои телефонски се јавија во нашата редакција велат дека немаат ниту електрична енергија. Жителите на Танушевци велат дека во селото има и неколку болни лица кои имаат потреба од лекар, но поради завеаните патишта не можат да  добијат медицинска помош. Воедно велат дека храната се троши. Бараат од надлежните општински власти што е можно поскоро да преземат мерки за расчистување на снегот од патиштата.

Извор: ТВ21