Свет

Поради сомневања за корупција: Грчката европратеничка Ева Каили останува во притвор

Поради сомневања за корупција: Грчката европратеничка Ева Каили останува во притвор

Судот во Брисел ја остави грчката европратеничка Ева Каили во притвор , осудена за корупција. Мерката е за најмалку уште еден месец.

Каили е во притвор под  сомнение за корупција  и трговија со влијание во корист на Катар. Според белгиските медиуми, таа делумно признала пред истражителите.

Нејзината одбрана побара таа да биде ослободена и ставена под мониторинг со електронска нараквица. Нејзините адвокати велат дека таа негира соучесништво во корупција.

„Ева Каили е невина и никогаш не била корумпирана“, изјави нејзиниот адвокат Михалис Димитракопулос.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни