Аеродромот Завентем во Брисел објави дека нема да има летови за заминување во среда, 26 ноември, поради националниот тридневен штрајк на белгиските синдикати.
Се очекува и откажување на некои дојдовни летови, пишува „Бруселс тајмс“.
Синдикатите протестираат против најавените мерки за штедење од страна на владата, вклучително и промените во пензиите.
Поради тридневниот синдикален штрајк во Брисел, откажани летови за следната среда