Свет

Поранешната потпретседателка на Европскиот парламент Ева Каили излезе од затвор

Поранешната потпретседателка на Европскиот парламент Ева Каили излезе од затвор

Поранешната потпретседателка на Европскиот парламент (ЕП) Ева Каили е ослободена од затвор, јавија локалните медиуми, пренесува Анадолија.

Каили е ослободен со електронска нараквица за следење, јавува ЕРТ.

„Таа го напушта затворот со крената глава и достоинствено“, изјави нејзиниот адвокат Михалис Димитракопулос и додаде дека Каили до крај ќе се бори за својата невиност.

Каили, една од 14-те потпретседатели на европскиот законодавен дом од грчката партија ПАСОК-КИНАЛ, беше уапсена од белгиската полиција на почетокот на декември, откако нејзиниот дом беше претресен поради обвиненија за корупција, наводно поврзани со Катар.

Во рамките на истрагата за корупција, мито и перење пари што ја водеа белгиските власти, извршени се претреси на повеќе локации, запленети се 1,5 милиони евра во кеш, а четири лица се приведени, меѓу кои и Каили.

Медиумите објавија дека е приведен и таткото на Ев Каили откако полицијата открила дека има голема сума пари во куфер.

Каили за прв пат се појави во судница на 22 декември минатата година, а по претходно рочиште беше одлучено притворот да биде продолжен за еден месец.

Катар негира вмешаност во скандалот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни