Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон објави дека има рак!
Камерон откри дека имал рак на простата, објавува „Мирор“.
За потсетување, Камерон е поранешен британски политичар кој беше премиер на Обединетото Кралство од 11 мај 2010 до 13 јули 2016 година, во два мандата. Тој беше заменет од Тереза Меј како шеф на британската влада и Конзервативната партија.
Камерон е пратеник во Долниот дом од 2001 година, претставувајќи ја изборната единица Витни. Тој стана лидер на опозицијата во 2005 година, а пред тоа беше министер за образование во сенка. Од 13 ноември 2023 година до 5 јули 2024 година, тој беше министер за надворешни работи.