Свет

Поранешниот претседател на Украина облече воена униформа и порача: „Ве молам, не му верувајте на Путин!

Поранешниот претседател на Украина облече воена униформа и порача: „Ве молам, не му верувајте на Путин!

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко облече воена униформа и дојде да им помогне на украинските војници.

Порошенко е во Киев, а за новинарите на Скај њуз изјави дека неговата група обезбедува воена заштита за 2.500 луѓе.

„Во текот на ноќта Киев беше погоден од околу 17 ракети“, рече тој.

На прашањето дали мисли дека Русија ќе го почитува привремениот договор за прекин на огнот за да обезбеди евакуација на цивилите, Порошенко рече: „Ве молам, не му верувајте на Путин“.

Рускиот претседател не го одржа ветувањето во осум години војна, рече Порошенко, додавајќи дека не е премногу оптимист за мировните преговори меѓу Украина и Русија, кои треба да се одржат денеска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни