Над 70 проценти од македонските научни умови заминуваат во странство. Потенцијалот на македонските млади научници и знаењето кое го градат тука ги прави конкурентни на пазарот на трудот. Затоа, научната заедница со стратегијата 2018-2028 година очекува да се создадат услови со кои, нашите генијалци ќе останат да создаваат дома.
„Во Република Македонија има потенцијал за овие млади дечиња, да изработат свои проекти кои ќе најдат примена во стопанството, но и надвор од нашата држава. И по цена на се, ќе гледаме со новата програма што ја изработивме 2018—2028 за развој на техничката култура и со таа програма до 2028 година планираме многу активности. Пред се кадровска екипираност на организацијата и отворање на центри за талентирани млади, заедно со Министерството за образивание и Владата на Република Македонија“, изјави Зоран Тодоров, Народна техника на РМ.
А, дека навистина Македонија, но и Балканот имаат млади генијалци кои од најмала возраст ги учат тајните на науката и иновациите, покажа и 4-та Олимпијада на технички достигнувања што се одржа во Струмица.
„Освен нашите ученици, од основните и средните училишта, оваа година ќе настапат и ученици од поранешните југословенски републики, БиХ, Црна Гора, Србија“
„Јас користев микробитует и со него изработив повеќе проекти. Прво изработив електронска корпа за електронски отпадоци. Со помош на микробитот ги броиме парчињата на електронски отпад кои ги фрламе внатре, бидејќи тој реагира на движење. Исто така имаме и компас, кои ни ги покажува страните на светот за ориентација. Исто така микробитот го употребив за спортски семафор со кој ги броиме поените на двете групи“
Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски истакна дека општината со сите напори ќе го поддржи научниот развој на учениците.
Репортер: Катерина Дафчева
