Македонија

Посебен режим на сообраќај денес и утре во Скопје

Денеска и утре (29.09.2021) во официјална посета на Република Северна Македонија  ќе биде делегација предводена од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Од  тие причини Секторот за внатрешни работи Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни