Директорот на Пошта Србија, Зоран Ѓорѓевиќ предупреди на тековни измами, чии сторители се претставуваат како вработени во Пошта Србија.
„Неколку пати предупредувавме дека има обиди за измама, па дури и на нашата веб-страница имаме потстраница на која корисниците можат да дознаат за разни обиди за измама и ги повикуваме да водат сметка. Српската пошта никогаш не наплатувала ништо однапред. Нашите поштари кои доаѓаат на врата и комуницираат телефонски не бараат никакво плаќање на ниедна сметка однапред“, изјави Ѓорѓевиќ.
Тој откри и како граѓаните ќе можат да ги разликуваат измамниците од вистинските поштенски работници.
„Тие го користат истото лого, но се разликуваат во ова. Тоа не е пошта.рс туку пошта-рс“, рече тој, додавајќи дека граѓаните се заштитени од злоупотреба и дека Поштата на Србија веднаш реагира на злоупотребата на логото.