ПОСЛЕ 8 ГОДИНИ: Продуцент открива зошто актерката ја напушти улогата на Хурем Султан

Публиката ја засака актерката Мерјам Узерли во улогата на султанката Хурем од хит серијата „Сулејман Величествениот“, а таа во мај 2013 година нагло го прекина снимањето.

Имено, актерката го напуштила Истанбул и отпатувала во Берлин без објаснување, а дури неодамна беше откриена причината поради која таа го напушти проектниот тим кој ги собори сите рекорди на гледаност.

Говорејќи во емисија на Јутјуб, продуцентот Тимур Савчи рече дека германската актерка со турско потекло боледувала од нарушување во психологијата познато како синдром на исцрпеност. Според него, таа повеќе не можела да го издржи огромниот притисок и едноставно си заминала.

Тоа е многу сериозен психички и физички проблем кој започнува со навидум безопасни симптоми како што се губење на ентузијазам и енергија, замор, неодредена болка, а потоа преминува во хроничен стрес проследен со несоница, главоболка, висок крвен притисок, намален имунитет, нарушувања на концентрацијата, депресија, напади на паника…

Снимањето на серијата трае цел ден, за што е потребна воена дисциплина и добра самоконтрола. Меѓутоа, Мерјам не издржа повеќе и реши да го напушти проектот, а се се одрази во нејзиниот љубовен живот. Вереникот ја оставил актерката додека била бремена, а се шпекулираше дека се обидела да се самоубие скокајќи од тераса.

Сепак, се чини дека психолошките проблеми сега се далечно минато, а актерката сега живее во Берлин и повторно е среќна и вљубена.