Последен поздрав за Ружди Љата, општина Дебар прогласи тридневна жалост

Дебар денеска се збогуваше од својот градоначалник, Ружди Љата, кој што по тешко и кратко боледување почина на 65 годишна возраст. По тој повод, општинскиот совет на Дебар на вонредна седница прогласи тридневна жалост. Семејството како и голем број блиски пријатели и претставници на институции, градоначалници, муфтии и имами од Македонија, Албанија и Косово, учествуваа на комеморативната седница. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека Љата бил човек кој бил одличен пример за другите во сите обврски што ќе ги преземел.

„Го познаваме како раководно лице на државни институции, меѓу кои и образовни, посветен едукатор и на крајот, како политичар и креатор. Ние ќе го паметиме по неговите мудри зборови, во раководството на ДУИ“, рече Ахмети.

Се вчитува...

Извор: ТВ21