Потретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Зеќир Рамчиловиќ преку социјалните мрежи изрази поддршка на министерот за надворешни работи Никола Димитров и одлуката за бојкот на доделувањето на Нобеловата награда за литература на Петар Хандке.
-Инспириран од вечерашното интервју на Министерот за надворешни работи Никола Димитров во емисијата “Вин Вин” на Телма сакам уште еднаш да изразам благодарност, подршка и почит за неговите ставови и претходно дадените насоки со кои нашата држава го бојкотираше доделувањето на Нобеловата награда на Петар Хандке.
Дополнително сакам да ја искоментирам и изјавата на претседателот на Србија, Вучиќ кој меѓудругото вели: „Можам само да кажам дека со оваа одлука им покажаа на Србите во Македонија за кого треба да гласаат”.
Господине Вучиќ, со оваа ваша изјава можам само да кажам дека им покажавте на Бошњаците во Србија, но и на Бошњаците во Македонија за кого треба да гласаат и како и со кого треба да соработуваат во иднина.
Како што кажа министерот Димитров: “Да застанеме на правата страна на историјата!”, напиша Рамчиловиќ.