На социјалните мрежи се шири итен апел за донирање крв за спасување на животот на 10-годишниот Борјан Цветковски. Детето се наоѓа во исклучително тешка, животозагрозувачка состојба и му е неопходна крв од групата АБ негатив (AB-).
Се молат сите граѓани кои ја имаат оваа ретка крвна група и се во можност да даруваат крв, што е можно поскоро да се обратат во Институтот за трансфузиона медицина и да нагласат дека донираат за пациентот Борјан Цветковски.
„Се работи за 10-годишно дете во животозагрозувачка состојба! Ве молам, кој е во таква можност, да се обрати на трансфузиологија и да донира“, стои во пораката која се споделува на социјалните мрежи.
Бидејќи крвната група АБ негатив е една од најретките, секој донор е од пресудно значење. Вашата хуманост денес може да спаси детски живот.
