Во Словенија е потврден уште еден случај на инфекција со мајмунска сипаница. И овој пат се работи за лице кое пристигнало од Шпанија, соопшти Националниот институт за јавно здравје (NIJZ) на својата веб-страница. Како што објаснуваат, во тек е епидемиолошка обработка.
Првиот случај е потврден кај маж кој пристигнал од Канарските острови во вторникот. Симптомите ги добил откако се вратил дома и е во добра здравствена состојба, изјави во вторник директорот на Центарот за заразни болести на НИЈЗ, Марио Фафангел.
Ризикот од инфекција кај општата популација е низок, јавуваат словенечките медиуми.
Луѓето кои биле во ризичен контакт со заразено лице треба да внимаваат на нивната здравствена состојба во рок од 21 ден од контактот. Карантинот не е неопходен за мајмунска сипаница, така што луѓето можат слободно да се движат во овој период.
На заразените им се советува да останат дома три недели или додека не падне краста.