Повеќе од 4.000 цивили се убиени во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, објави Ројтерс, повикувајќи се на канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права.
Таа денеска изрази загриженост дека реалниот број на загинати може да биде многу поголем.
Се вчитува...
Според службата, која има десетици набљудувачи во Украина, загинале вкупно 4.031 лице, вклучително и речиси 200 деца. Повеќето од нив беа убиени со експлозивно оружје со силно влијание, како што е тежок артилериски оган или воздушни напади.
Во соопштението не се припишува вината за смртните случаи.
Русија негира дека цели на цивили.
