Балкан

Повеќе од 9.000 Македонци лани добиле бугарски пасоши

Повеќе од 9.000 Македонци лани добиле бугарски пасоши

Дури половина од новостекнатите бугарски државјани во 2020-та, биле Македонци. Според бугарската агенција „Монитор“, лани се издадени 18.226 нови државјанства, од кои 9.098 се одобрени на граѓани од Македонија.

Интересот за бугарски пасош според агенцијата „Монитор“, доминирал и во последните пет години. Од 2016-та до 2020-та година Бугарија одобрила 53.400 државјанства.

И од нив, речиси половина, односно 25.600 биле доделени на Македонци.

Останатите се 7.200 Украинци, 3.800 Молдавци, 3.600 Срби, 2.800 Албанци.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни