Потврдени се 909 случаи на инфекција со мајмунска сипаница во 29 земји во светот, покажуваат податоците на ЦДЦ (Центар за контрола и превенција на болести).
Најголем број заразени има во Велика Британија, каде се пријавени 225 случаи. На второ место по бројот на заразени е Шпанија со 186 случаи, а на трето Португалија (143 заразени).
Се вчитува...
Соединетите Американски Држави се рангирани на осмото место по бројот на заразени со 24 потврдени случаи. Голем број на заразени со мајмунска треска има во Канада, Германија, Франција, Холандија, Италија и Белгија.
