Повеќе од еден метар снег на Попова Шапка, забрана за товарни возила на повеќе патни правци

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот. Дел од забраните за сообраќај на тешки товарни возила кои без воведени ноќеска се укинати, дел остануваат на сила, информираат од Македонија Пат.

Забрани за тешки товарни возила има на следниве патни правци крак Маврово-Дебар, Дебар-Струга, Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека, крак Стража-Кичево, а за останатите возила задолжително употреба на зимска опрема, Македонски Брод-Прилеп преку планинскиот премин Барбарас, Прилеп-Градско преку планинскиот премин Плетвар, Крива Паланка-Деве Баир и Тетово-Попова Шапка каде има забрана и за автобуси.

Повеќе од еден метар снег е измерен утрово на Попова Шапка. Во Маврови Анови се измерени 83 сантиметри, 58 во Пожаране, 52 во Крушево, 51 во Лазарополе, 32 во Тетово, 31 Скопје – Петровец, 28 во  Ѓуриште, 24 Демир Капија, 22 во Дебар, 20 Битола, 15 Скопје – Зајчев Рид, 11 во Охрид, 10 во Крива Паланка, Прилеп, Струмица, Куманово, 9 во Штип, Претор, 5 Виница, 2 Берово, 1 Дојран.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното