Повеќе од илјада луѓе протестираат во Атина против нападот врз Иран

Повеќе од илјада луѓе маршираа низ Атина во неделата до амбасадите на САД и Израел во знак на протест против нападите во Иран. Полицијата процени дека се собрале повеќе од 1.300 демонстранти, објави Ројтерс.

Демонстрантите, претежно поврзани со Грчката комунистичка партија, носеа транспаренти со пораките „Рацете настрана од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел беа опкружени со кордони полициски автобуси.

Еден ден претходно, во саботата, Грција ја зголеми безбедноста во поморската база Суда на островот Крит. Тоа е стратешка инсталација што ја користат САД во источниот Медитеран.