Повеќе шетачи или купувачи? Странските туристи уживаат во „Винтерленд“

По примерот на европските градови и Скопје годинава има Новогодишна населба, Винтерленд. Ги прашавме луѓето кои продаваат во дрвените куќички колку се задоволни од посетеноста. Од едни добивме потврден одговор, други велат дека има повеќе шетачи отколку купувачи. За продавачите е деловна тајна закупот на куќичките, но неофицијално за еден месец ги чинат 2100 евра.

„Има раздвижување меѓутоа слабо има муштерии туристи има се сликаат ка што се украсени тезгите, расположени се. Најмногу има од Албанија“, вели еден од продавачите.

Се вчитува...

„Да, да задоволни сме има доста купувачи и ок е организација. Има странски туристи ама најмногу посетители има од Македонија“

„Вчера имаше од Кина, но најмногу наши“.

Камерата на ТВ21 наиде на многу странски туристи од Србија, Бугарија, Романија, а продавачите велат дека имало и од подалеку, Кинези, Руси, Украинци кои уживаа во Ногогодишната атмосфера. Но, има и такви за кои Македонија е транзит.

-Многупати сме биле. Секоја година доаѓаме. Уште не сме го виделе сега стигнавме.

-Ние сега доаѓаме овде, доаѓаме од Албанија и одиме за Софија, Бугарија.

Новогодишната програма и „Винтерленд” се поддржани од Делегацијата на Европската Унија која го обезбеди лизгалиштето на плоштадот Македонија како дел од новогодишната населба.

Репортерка: Александра Велинова

Извор: ТВ21