Македонија

Повик за изградба на фотонапонски електрани: Секој што поседува земјиште може да аплицира

Секој граѓанин или компанија што сакат да изградат фотонапонски електрани во приватно земјиште можат да аплицира во јавниот повик кој ќе биде објавен од Владата следната недела. Повикот ќе биде отворен до септември. Според вицепремиерот Кочо Анѓушев, нема ограничувања за големината на земјиштата кои треба да ги поседуваат сопствениците. Тие само ќе треба да ја потврдат нивната финансиска состојба за да го реализираат проектот.

„Теоретски 1м2. Затоа што се вели од 0 до 200 кило вата. Може колку сака. Нормално 1 м2 никој нема да направи. Теоретски нема ограничување минимално. И во двор ако сака и било каде е дозволено е.“, рече Анѓушев.

Министерот за економија, Крешник Бектеши рече дека во Северна Македонија се произведува обновлива енергија околу 18% од целокупната генерирана електрична енергија.

„Моментално инсталирани се само 18 мегавати. Од независноста до сега се инсталирани само 18 мегавати. Имајќи ги во предвид ресурсите кои ги поседуваме како држава, предвидовме ова да го зголемиме за 200 мегавати само од фотонапонски центри.“, рече Бектеши.

Овој приоритет се спроведува во енергетскиот сектор преку политиките кои овозможуваат промоција на обновливите извори на електричната енергија, како промоција на енергетската ефикасност.

РЕПОРТЕР: АРБАНА Ќ. КЛИМЕНТА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни