Повредени четири лица во две сообраќајни несреќи во околината на Струга

Министерството за внатрешни работи јавува за две сообраќајни незгоди кои се случиле во околината на Струга. Притоа се повредени вкупно четири лица, по две од едната и од другата сообраќајка, а МВР извршила увид и во двата случаи.

„На 29.12.2018 година во 12,50 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Калишта кон с.Франгово-струшко се случила сообраќајна незгода помеѓу                        товарно моторно возило “ВМЦ“ со охридски регистерски таблици, управувано Ц.С.(33) од с.Драслајца-струшко, и патничко моторно возило “ Фиат Панда“ со скопски регистерски таблици, управувано од Л.Н.(32) од Велес. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ц.С. и сопатничката од патничкото моторно возило Д.Н., кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата “Свети Еразмо-Охрид“. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот“.

Се вчитува...

„На 30.12.2018 година околу 03,25 часот било пријавено дека на регионалниот пат во близина на с.Мороишта патничко моторно возило “Фолсваген голф“ со струшки регистерски таблици управувано од Х.В.(30) од с.Ливада-струшко излетало од коловозот и удрило во бандера. Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, а со тешка телесна повреда се здобил сопатникот во возилото Х.Ш.(26) од с.Ливада-струшко, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата “Свети Еразмо-Охрид“. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.“, велат од МВР.

 

Извор: ТВ21