Македонија

Повредените ќе бидат пренесени во нашите болници, вели Османи

По средбата со бугарските обвинители во Софија кои се надлежни за спроведување на истрагата околу несреќата, како и со преставниците од болницата Пирогов, владата донесе неколку заклучоци. Повредените се во добра здравствена состојба и се стабилни. Уште утре двајца повредени ќе бидат пуштени, други двајца ќе бидат пуштени на 28ми , двајца на 30ти и едно лице на 1 декември. Српскиот државјанин ќе биде пренесен во Србија, нашите државјани во Скопје во организација на министерството за здравство. Повредените прво ќе бидат сместени во нашите установи се додека не бидат пуштени на домашно лекување, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Во однос на преносот на останките од жртвите направивме тело составено од министерство за труд и социјална поликита, министерство за здравство и министерството за надворешни работи кое треба да направи план за пренесувањето.  Владата ги превзема сите трошоци. Нашите очекувања се наредната недела по завршувањето на идентификацијата на жртвите, може да се очекува после вторник-среда да бидат донесени останките. Транспортот ќе го врши министерството за надворешни работи. Имаме и комуникација со семејствата со цел да се испочитуваат нивните барања за предавање на телата, вели Османи.

Тој додава дека продолжува и комуникацијата со бугарските власти, и дека мекдонската амбасадата во Бугарија ги превзема сите процедури за олеснување на постапката.

 „Наредната недела ќе има точен датум кога ќе се префрлуваат телата“, вели Османи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни