Зградата во Подгорица, во која се сместени Вишиот, Апелациониот, Врховниот и Уставниот суд, како и зградата на Основниот суд во Подгорица, се евакуирани поради дојави за поставени бомби, јавува РТЦГ.
По проверката, полицијата утврдила дека пријавите за подметнати бомби се лажни.
Вработените кои беа евакуирани се вратија на работните места, соопштија за порталот РТЦГ од Полициската управа.
Зградата во која се сместени Вишиот, Апелациониот, Врховниот и Уставниот суд, но зградата на Основниот суд во Подгорица, рано утринава беа евакуирани поради дојава за поставени бомби.
Ова не е прва евакуација на вработени од судовите во Подгорица, поради дојави за експлозивни направи кои се покажаа како лажни.
Вакви пријави стигнаа на мејловите на судовите пред дваесетина дена.
