Во живо Ноќно студио во живо Дали системот реагира навреме при насилство? Гледај
Свет

Повторно сме во ретрограден Меркур, на што треба да внимаваме?

Од 21 април повторно сме во ретрограден Меркур и овој период ќе трае до 15 мај.

„Ми беше драго што пропуштивме цели два месеци – бевме без ретроградни планети. Се надевав дека ќе има некаква стабилизација – економска, политичка, но за жал тоа не се случи“, коментира астрологот.

Нејзин совет е овој период да не купувате автомобил, мобилни телефони и бела техника. Исто така, да не склучуваме важни договори, ако, сепак, е многу потребно – да има клаузула за нивно повторно потпишување. Во овој период не е препорачливо да менувате работа или да земете заем.

„Меркур моментално е ретрограден во Бик и најважно е зголемениот материјален порив. Бикот сака да се акумулира без да биде меркантилен и себичен. Ќе се активираат лагите и измамите“.

Влијанието на ретроградниот Меркур врз знаците

Огнените знаци ( Овен, Лав и Стрелец ) треба да бидат особено внимателни , бидејќи Бикот, кога ќе се налути и ќе му се зацрвени пред очи, е неконтролиран.

Земјените знаци ( Бик, Девица и Јарец ) се малку поповолни – со помеко влијание, но и тие не треба да ги игнорираат забраните за договори и менување работни места.

Воздушните знаци ( Близнаци, Вага и Водолија ) успеваат да го најдат вистинскиот пат во слични периоди – без разлика дали ќе одат под живата ограда или ќе успеат да ја прескокнат.

Водните знаци ( Рак, Скорпија и Риби ) се исто така доста загрозени од влијанието на ретроградниот Меркур, бидејќи за нив водечка е емоцијата, но исто како и воздухот, водата проаѓа каде што може. Важно е да не одат против протокот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни