Свет

ПОЖАР ГОЛТА СЕ ПРЕД СЕБЕ: Издадена наредба за евакуација северозападно од Лос Анџелес (ФОТО/ВИДЕО)

ПОЖАР ГОЛТА СЕ ПРЕД СЕБЕ: Издадена наредба за евакуација северозападно од Лос Анџелес (ФОТО/ВИДЕО)

Во округот Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар кон главниот автопат и околните згради.

Пожарот зафатил површина од 14,5 квадратни километри во близина на автопатот Интерстејт 5 во близина на Горман, околу 100 километри северозападно од Лос Анџелес, соопшти Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари.

Пожарот избувнал вчера околу 14 часот по локално време, а гаснењето го отежнува ветерот кој достигнува брзина од 100 километри на час, јавува Лос Анџелес Тајмс.

Во гаснењето на пожарот учествуваат и хеликоптери, а возачите кои застанале да го фотографираат пожарот предизвикале неколку сообраќајни несреќи на автопатот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни