Од 4 часот изутрина се под отворено небо. На семејствата Мемеди и Реџепи им изгореа куќите. Сето ова се случило додека тие спиеле. За среќа во пожарот нема повредени а семејствата успеале да се евакуираат на време. Останати се само полуурнатите ѕидови. Мурсељ Мемеди, сопственик на едната куќите, вели дека пожарот дошол од соседната куќа, но додава дека причините за пожарот не им се познати.
„На почеток пожарот ја зафати соседната куќа и излегоа за помош таму. Пожарот не можевме да го изгасиме никако. Веднаш потоа беше зафатена и нашата куќа, ги повикавме пожарникарите кои дојдоа и го изгаснаа пожарот. Ние ги извадивме членовите од семејството надвор. Ние сме 14 члена, заедно со двајцата мои браќа. Фала му на Бога нема жртви, не можевме ништо да извадиме од куќата како што гледате и самите“, вели Мурсељ Мемеди, сопственик на една од куќите.
Пламените јазици уништија се. Поради тоа ова семејство остана под отворено небо и од луѓето бараат помош колку да обезбедат кров над главата.
„Се што имаше семејството Мемеди се пеплоса ова утро. На Тарик му останале само овие чевли. Семејството Мемеди бараа помош од државата бидејќи моментално немаат каде да престојуваат.“, вели репортерот на ТВ21 од терен, Зимер Јашари.
Во гасење на пожарот учествувале три противпожарни возила, две теренски возила и 15 пожарникари и соседите.
„Јас сум првиот сосед на Енвер. Околу 4:15 часот соседот ѕвонеше на врата, и тогаш видов голем пожар. Прво ги извадивме надвор семејствата и соседите. Не знаевме каде да одиме, се исплашија и децата. Пожарникарите можеле да дојдат и порано, но не е нивна вина. Ние сме виновни што ги оставаме возилата пред врата. Тие можеле да стигнат порано бидејќи се блиску но биле блокирани и не можеле“, вече Мејди Фејзулау.
Пожарот на двете куќи го потврдија и од МВР. Семејството Мемеди утрово го посети градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Тој за ТВ21 изјави дека во понеделник,на ова семејство ќе му се помогне со буџетски средства по одлуката на општинскиот совет.
+389 70 513 673 Ова е телефонскиот број на кој може да се јават сите кои сакаат да понудат помош за семејството Мемеди.
