Двајца работници се повредени во пожар што денеска пред пладне се случи во Лештане, Србија.
Како што пишуваат српските медиуми, пожарот избувнал во производствената хала на фабриката за погонски системи за ракети.
Сè уште не е познато како избувнал пожарот.
На местото на настанот пристигнала противпожарната служба, екипи на Брза помош, како и полиција.