Пожар во куќа, загинаа двете сестри: Хорор во Зеница

Две повозрасни жени утрово го загубија животот во пожар во селото Хајковиќи кај Зеница во Босна и Херцеговина, соопшти полициското одделение на Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојскиот кантон.

Како што е наведено, полицијата ја добила пријавата околу 03:30 часот, а во пожарот загинале А.Ф.(87) и Д.С.(69), при што е направена целосна штета на објектот, пренесува Кликс.ба.

Се вчитува...

Пожарникарите го локализирале пожарот и се уште се на терен, а истрагата за причините ќе се врши во текот на денот.

„Пожарот избувнал во куќа сопственост на А.Ф., роден 1937 година. На местото на настанот веднаш била упатена професионалната противпожарна единица Зеница. Констатирана е смрт на две жени А.Ф. и Д.С.“, посочуваат од полицијата.

Како што соопшти полицијата, жртвите биле сестри, пренесува Аваз.