Македонија

Пожар во Петровец – изгоре барака, семејството остана без покрив над главата (ВИДЕО)

Семејство од 10 члена остана без покрив на главата, откако утринава изгоре нивната куќа, јавува репортерот на ТВ21 од терен.
Пожарот се случи во населба на патот од Петровец кон Огњанци. Според информациите до кои дојдовме, причината е спој во електричната инсталација.
Интервенирала и противпожарната служба, меѓутоа не можеле да спасат ништо, само спречиле пожарот да не се прошири на околните куќи.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни