Македонија

Пожар во Прилеп: Изгореа четири мотоцикли на паркинг пред магацин

Пожар во Прилеп: Изгореа четири мотоцикли на паркинг пред магацин

Синоќа во Прилеп на паркинг пред магацин избувна пожар, при што изгореа четири мотоцикли, сопственост на правно лице. Пожарот се случил на улицата Стеван Апостолоски околу 21 часот, информира полицијата.

Екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп веднаш интервенирала и пожарот бил целосно изгаснат. Според првичните информации, повредени лица нема. На местото на настанот е извршен увид од страна на полицијата од ОВР Прилеп за утврдување на причините за пожарот.

Надлежните институции ќе продолжат со истражување за да се утврдат деталите и евентуалните причинители на настанот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни