Балкан

Пожар во психијатриско одделение во Косово, има мртви

Пожар во психијатриско одделение во Косово, има мртви

Како последица на пожарот што избувна во психијатрија на Универзитетскиот клинички центар во Приштина, почина еден пациент.

Две медицински сестри и еден лекар се полесно повредени, пренесува Газета експрес.

Смртта на пациентот ја констатирал директорот на психијатрија д-р Фатон Кутловци. Тој изјави дека пациентот и претходно бил лекуван на клиниката.

Причината за пожарот се уште не е позната, но се сомнева дека пациентот го запалил душекот.

Единици на косовската полиција излегле на местото на настанот, додека телото на починатиот било испратено во Институтот за судска медицина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни