На 22.02.2026 во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во с.Локвени, општина Долнени, настанал пожар на настрешница, сопственост на А.Т.(39) од с.Локвени.
Од пожарот се зафатени и изгорени 500 тони сено, околу 350 тони слама и земјоделска механизација.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кривогаштани, а повредени лица нема.
Увидот бил извршен од увидната екипа на ОВР Прилеп.